Фавр: Тешко ни паѓа првиот пораз, но продолжуваме понатаму

Заврши пријатното „возење“ на Борусија Дортмунд низ Бундес-лигата. „Милионерите“ немаа пораз 15 кола, но синоќа налетаа на расположениот состав на Фортуна Дизелдорф и загубија со 2-1. Тренерот Лусиен Фавр вели дека тешко паѓа кога првпат ќе загубите во шампионатот.

„Тешко ни паѓа овој прв пораз, но мораме да признаеме дека не бевме на потребното ниво и најверојатно и заслуживме да загубиме. Ќе имаме детална анализа, ќе се обидеме да научиме од грешките, и продолжуваме понатаму. Се уште сме лидери и ќе се трудиме да ја сочуваме првата позиција“, изјави тренерот на Борусија Дортмунд.

Баерн Минхен, кој во моментот е на третата позиција, има шанса по денешниот меч со Лајпциг, со евентуален триумф, да ја намали негативата во однос на „милионерите“ на шест бода.

Се вчитува...