Македонскиот репрезентативец Енис Фазлагиќ, по позајмицата во Дунајска Стреда, се врати во полскиот тим Висла Краков и почна да тренира со овој тим. Играчот од средниот ред се врати во второлигашот од Краков, и ќе чека разврска околу неговата иднина, односно дали екипата ќе го испрати на позајмица, или ќе го задржи во своите редови.
Фазлагиќ има договор со Висла до 2026 година, но по испаѓањето на Висла минатата година, се реши да замине во Словачка. Сепак, не се наигра во овој тим, односно одигра само 10 меча и 574 минути за екипата, притоа не постигнувајќи ниту еден гол, ниту запиша асистенција.
Сега топката се префрла на Висла, тим кој ќе одлучува што ќе прави со македонскиот играч од средниот ред. Во минатото играше за Жилина, Шкендија, Скопје и за младинските екипи на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА