Фазлагиќ: Секако дека е реално да размислуваме на првото место во групата

Фудбалерот од средниот ред на македонската репрезентација, Енис Фазлагиќ верува дека може до победи на последните два натпревари од Лигата на нации, против Грузија во Тбилиси и против Бугарија во Скопје.

Фазлагиќ е свесен дека Македонија ја чекаат тешки дуели, меѓу другото и поради бројните отсуства и откажувања, но знае дека со максимален пристап на секој поединец може до посакуваните резултати.

„Секако дека е реално да размислуваме за победа на двата натпревари и да стигнеме до првото место во групата. Нормално, знаеме дека Грузија е квалитетен противник и не сакаме да се залетуваме, но мора максимално да се подготвиме и на натпреварот да пристапиме со сериозен пристап“ – истакна Фазлагиќ на денешниот прв собир на националниот тим, притоа дополнувајќи:

„Грузија е на прво место во групата и доволно кажува за таа селекција. И во Скопје покажа дека знае како да казни, и затоа мора да бидеме поконкретни во нападот за да дојдеме до посакуваните три бода“.

Се вчитува...