ФБИ го уапси легендарниот Чонси Билапс

Тренерот на Портланд Треил Блејзерс, Чонси Билапс, беше уапсен рано утрово како дел од истрагата на ФБИ под сомнение за вмешаност во нелегални активности поврзани со спортско обложување, објавува ESPN.

Според американските медиуми, Билапс е приведен како дел од поширока истрага за манипулации со обложување во НБА, во која беше уапсен и Тери Розиер, кошаркар на Мајами Хит.

Истражителите веруваат дека некои членови на лигата биле поврзани со организиран обложувачки круг, но засега не е познато дали обвиненијата се директно поврзани со натпреварите во кои Билапс бил тренер.

Чонси Билапс (48) е еден од најпознатите плејмејкери на својата генерација и поранешен шампион на НБА со Детроит Пистонс, со кои ја освои титулата во 2004 година и беше прогласен за МВП на финалната серија. За време на неговата кариера, тој ги носеше дресовите на Бостон Селтикс, Денвер Нагетс, Њујорк Никс, Лос Анџелес Клиперс и Детроит.

Се вчитува...