Роџер Федерер е како виното, колку е постар, толку повеќе воодушевува со своите игри на тениските терени. Швајцарскиот ас го преслуша и својот најголем ривал, Рафаел Надал, кој моментно е најдоброрангиран светски тенисер, победувајќи го со 2-0 во сетови на Мастерс турнирот во Шангај. Тоа е вкупно 94.титула во кариерата за неверојатниот швајцарски тенисер, односно шести освоен пехар во 2017 година.
Федерер одигра одличен меч и експресно го совлада Шпанецот. Првиот сет го доби со 6-4 во гемови, а и во вториот продолжи со својот ритам и го комплетираше со 6-3 во гемови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА