Македонската женска тениска репрезентација го освои 5. место на Фед-Куп турнирот од Третата зона кој изминативе денови се одржуваше во Гамарт, Тунис.
Во натпреварот за 5. место, Македонија беше подобра од селекцијата на Алжир победувајќи со 2-1.
Во поединечна конкуренција, Јана Таневска загуби во три сета (6-3,1-6,2-6) од Јасмин Буџади, додека Ана Ристевска беше подобра од Амира Бенаиса. Првиот сет Ристевска го доби со 6-3, по што противничката предаде поради повреда.
Мечот во двојки Македонија го доби службено поради повредите на Алжирките кои го откажаа дуелот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА