Двајцата најтрофејни тенисери во историјата, Роџер Федерер и Рафаел Надал приредија неверојатен спектакл во Кејп Таун, Јужна Африка. Натпреварот кој се играше во родната земја на мајката на Федерер, донесе неверојатни поени од страна на двајцата мајстори на „белиот спорт“. На крајот победата му припадна на Федерер кој славеше со 2-1, по сетови 6-4, 3-6 и 6-3.
Пред натпреварот се одигра и еден егзибициски натпревар во двојки во кој на Федерер партнер му беше еден од најбогатите луѓе на планетата Бил Гејтс, додека партнер на Надал беше комичарот Тревор Ноа. Организаторите на „Мечот за Африка“ се надеваат дека ќе заработат повеќе од 1 милион американски долари за добротворната фондација Роџер, која поддржува рано детско образование во Африка и Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА








