Федерациите кои ја подржуваат Војнеска најавуваат кривични пријави за Тупурковски и за Поповски

Изборното собрание на Македопнскиот олимписки комитет кое е закажано за денеска, а на кое треба да биде избран наследникот на Васил Тупурковски кој претседателската функција ја извршува повеќе од две и пол децении предизвикува контроверзи во јавноста. Особено откако вчера, Управниот одбор на МОК донесе одлука дека кандидатурата на Александра Војеска Зикова не е според критериумите кое се пропишани за номинација за претседателски кандадат. Вториот кандидат е Даниел Димевски.

Сепак групата федерации кои ја подржуваат Војневска најавуваат дека ќе преземат се за да ги спречат нерегуларностите кои според нив се оркестрирани од претседателот Тупурковски и од генералниот секретар, Сашо Поповски. Најавуваат и кривични приајви.

Првите луѓе на Олимпискиот Комитет Васил Топурковски и генералниот секретар Сашо Попоски уште еднаш покажаа дека олимпиското движење го сваќаат како нивна приватна забава и фамилијарен бизнис, рушејќи ги сите начела на олимпизмот со недозволување на демократија, јавност во работењето и нормално спортско функционирање.Ние, како спортски федерации од олимписките спортови во Македонија, веќе неколку години се бориме за да се смени овој начин на функционирање на Олимпискиот Комитет, а случувањата од последниве неколку дена уште еднаш ни потврдуваат дека нашата борба е оправдана.

Ние само бараме коректно изборно собрание по сите законски норми, без сопки и игранки од секретарот Поповски. А во духот на олимпизот нека победи подобриот. Прекршувања на Статутот, злоупотреба на законите, но и заобиколување на олимписките начела има многу, но ќе наведеме само неколку.

Прво, Управниот одбор самостојно презема ингеренции на Собранието и се стави над над него како највисок орган, со донесување на ограничувачки и дискриминаторски критериуми при кандидирање што е незаконски и не е предвидено во Статутот.
Второ, затоа што се прифаќа како делегат во Собрание претставник на непостоечка пливачка федерација, а не се прифаќа претставник од законската федерација, која е запишана во Централниот регистар.
Трето, на чуден начин на 24 часа пред одржувањето на Собранието, нестатутарно е доведена во прашање кандитурата на еден од кандидатите, со што е направено грубо прекршување на изборниот процес.
Четврто, од страна на Олимпискиот Комитет се испраќаат полномоштва до Федерациите, за тоа кој треба да биде делегат од Националната федерација, наместо Федерациите кои се членови на Собранието сами да си го определат претставникот.

Заради сите овие прекршувања и злоупотреби и нашите очекувања тие да продолжат и на денешното Собрание, а изборот да се претвори во фарса креирана од Тупурковски и Поповски, сакаме да ги предупредиме дека нема да го толерираме тоа и ќе бидиме принудени да поднесеме кривични пријави за злоупотреба на службена положба и фалсификување“– стои во соопштението од групата федерации предводени од Атлетскатас, Боречката и од Боксерската федерација.

Се вчитува...