Фудбалската федерација на Косово, соопшти денеска дека поднела жалба до Меѓународната фудбалска федерација ФИФА поради тешките навреди од страна на селекторот на Србија Драган Стојковиќ, и расистичките испади на навивачите на Србија во натпреварот од третото коло во групата Г на Мундијалот во Катар помеѓу Србија и Швајцарија.
Во соопштението се наведува дека истакнување на пароли со политичка содржина против Албанците, можела да се види и да се слушне во текот на натпреварот.
„ФФК поднесе жалба до ФИФА со неопходните докази. ФФК бара од ФИФА истрага по повод овој случај, и бара Фудбалската федерација на Србија да биде суспендирана, за еднаш засекогаш да бидат исфрлени вакви скандирања од фудбалските стадиони и случувања какво што е Мундијалот“, се наведува во соопштението.
ФФК неодамна поднесе жалба и до ФИФА поради знамето во соблекувалната на репрезентацијата на која стои картата на Косово и на него натпис „нема предавање“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА