Федерацијата одговори на тужбата од репрезентативките на САД: Мажите треба да заработуваат повеќе од жените

„Репрезентативките на САД се помалку талентирани и имаат помалку обврски од нивите машки колеги и затоа треба да заработуваат помалку“. Ова е дел од одговорот на правниот тим на Американската фудбалска федерација на тужбата на 28 членки на националниот тим кои бараат еднакви плати. Процесот треба да почне на 5.мај. Во одговорот уште се вели дека „работата на фудбалерите бара поголем талент и повеќе брзина и сила“

Репрезентативките на САД кои во оваа битка ги предводи Меган Рапино како клучни аргументи користат две работи. Машкиот тим на САД нема никогаш ништо освоено, додека женскиот е четирикратен светски шампион и има пет олимписки титули. Вториот аргумент е фактот што натпреварите на женската селекција донеле поголем приход од продажба на влезници во перидот од 2016-2018 година.

И покрај овие силни аргументи големата разлика во парите останува. Така на пример, репрезентативка на САД како бонуси во националниот тим  може да заработи максимални 3858 евра, додека максимумот кај мажите е 10 132 евра.

Барањето на фудбалските репрезентативки на САД го поддржаа и нивните машки колеги. На 12. февруари членовите на машката селекција објавија соопштение со силни критики за Федерацијата во однос на третманот на женската репрезентација и поради финансиските награди, но и поради нееднаквите услови за работа.

 

 

Се вчитува...