Федерацијата остана на ставот: Судиите нема да се сменат, клубовите да покажат одговорност

Кампањата на Реал Мадрид што траеше неколку часа со цел да бидат променети судиите за големото финале против Барселона не вроди со плод. Челниците на федерацијата го одбија првото барање на „кралскиот клуб“ на оваа тема, по што следеше бурно соопштение со барање „таа одлука да биде преиспитана“.

Вечерва стигна нова јасна порака на оваа тема, и тоа од првиот човек на Фудбалската Федерација на Шпанија, Рафаел Лузан.

Судиите се избрани за да го судат големото финале и тоа е тоа. Смирен сум, финалето на Копа дел реј ќе се игра. Молам клубовите да покажат одговорност“, децидно порача Лузан.

За потсетување, бурата почна со денешната прес-конференција на официјалните лица, на која главниот судија за утрешниот дуел, Рикардо де Бургос Бенгоечеа, се расплака жалејќи се на кампањата што против него ја води клупската телевизија на Реал. „Кралевите“ обвинија за создавање на алиби и аномизитет на арбитрите кон овој клуб во пресрет на финалето, бараа промена на официјалните лица, се закануваа дури и со неиграње на финалето, но сега веќе е јасно – федерацијата нема намера да потклекне.

Се вчитува...