Роџер Федерер признава дека „бил среќен“ кога завршил дуелот со Џон Милман оти не можел да ги издржи тешките услови за тенис во Њујорк на УС Опен. Швајцарецот по поразот во осминафиналниот меч со австралискиот тенисер објаснува дека се чуствувал многу „непријатно“ во текот на пресметката.
„Беше толку жешко, не можев да дишам. Постојано се потев, повеќе и повеќе и уште повеќе и најмногу што може. Така се губи енергијата. Во еден момент бев среќен што дуелот заврши“ – изјави петкратниот шампион на американскиот гренслем.
Температурите од над 30 степени и големата влажност на воздухот постојано прават проблеми во Њујорк. Уште на старт од турнирот имаше дури пет откажувања на тенисери поради неподносливите временски услови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА