Федерер: Би сакал Рафа да се прости од тенисот под свои услови

Роџер Федерер се надева дека неговиот долгогодишен голем ривал Рафаел Надал може да ја заврши кариерата и да одлучи да се пензионира под свои услови. Швајцарецот тоа го истакна по повредите кои го спречија Шпанецот да игра на грандслем турнирите.

Надал беше принуден да го пропушти Ролан Гарос за прв пат по 2004 година. Освен на турнирот на кој доминираше 18 години, тој не игра ниту на Вимблдон, турнир кој го освои двапати.

Неговото отсуство се должи на повредата на колкот што ја заработи за време на Австралија опен и оттогаш се мачи да се врати на терените поради придружните проблеми и недостатокот на кондиција.

„Гледам Рафа како минува низ тежок период, бев и јас таму и се надевам дека ќе може да се збогува со тенисот по негови услови и сепак да може да игра. Се уште се надевам дека ќе можеме да го видиме, не само во двојки на пример, туку и повеќе од тоа. Се уште верувам дека тоа ќе се случи“, изјави Федерер.

Се вчитува...