Роџер Федерер продолжува со извонредните настапи на Ролан Гарос, каде швајцарскиот и во својот четврти дуел стигна до триумф со максимални 3-0 во сетови. Федерер денеска за ривал го имаше Леонардо Мајер, но на арентинскиот ривал му препушти само осум гејма (6-2, 6-3, 6-3), за испишување на нов рекорд. Имено, Швајцарецот со 37 години стана највозрасен четвртфиналист во последните 48 години на Ролан Гарос.
„Не знаев што да очекувам, можев и да испаднам во првото коло во три сета. И самиот сум изненаден, но навистина уживам на теренот, мило ми е што минувам подолго време во Париз“ – задоволно изјави Федерер, кој во следната рунда ќе се сретне со подобриот од дуелот Циципас – Вавринка.
Бранителот на трофејот Рафаел Надал рутински триумфираше над Ландеро со идентичен резултат како и Федерер, 6-2, 6-3, 6-3, па Шпанецот во четвртфиналето ќе ги одмери силите со победникот од дуелот Пер – Нишикори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА