Селекцијата на Швајцарија обезбеди водство против Германија во финалето на Хопман Купот, откако Роџер Федерер го совлада Александар Зверев со 2-0 во сетови. Првиот сет го доби со 6-4 во гемови, а во вториот беше уште поубедлив и го комплетираше со 6-2.
Федерер во одличен тајминг направи брејк во првиот сет. При резултат 4-4, притисна силно на сервисот на Зверев и успеа да го освои гемот. Потоа лесно го зеде и првиот сет.
Германецот по ова беше уште понесигурен на свој сервис, а искусниот Роџер Федерер тоа знаеше да го искористи и лесно го збриша во вториот сет, носејќи водство за Швајцарија.
Во вториот меч, кај дамите се среќаваат Белинда Бенчиќ и Анжелик Кербер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА