Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер со експресна победа против Рафаел Надал со 6-2, 6-3, се пласира во четвртфиналето на турнирот во Индијан Велс.
Дуелот меѓу старите ривали беше решен за 70 минути во кои Федерер на Надал му препушти само пет гема и му дозволи само една брејк шанса. Во борбата за место во полуфиналето, моментно десетторангираниот Швајцарец ќе игра против Ник Киргиос кој претходно славеше против Новак Ѓоковиќ.
Федерер уште на стартот на мечот му зеде брејк на Надал, доминираше во секој сегмент од играта и во осмиот гем ја искористи првата сет топка. Вториот сет донесе еден период на сигурна игра на двете страни, а потоа Федерер успеа да освои гем на сервис на Надал и тука ја стекна предностa која на крај му донесе и сигурна победа.
Ова е втора победа на Федерер против Надал годинава. Претходно Швајцарецот славеше против Шпанецот и во големото финале на Австралија опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА