Роџер Федерер веќе неколку години е „пензионер“, но Швајцарецот во последните месеци неколку пати се појави во јавноста со свои коментари за тениските случувања во светот.
Федерер во разговор за „Тенис Газет“ одговори на прашањето кои се според него најдобрите пет тенисери на сите времиња, а швајцарската легенда изненади со одговорот – на прво место крунисувајќи го Штефан Едберг. Шведскиот великан има само шестгранслем трофеи во кариерата, но важи за еден од идолите на Федерер на почетоците од неговата кариера.
„Важно беше да се има идол, спортист по чиј пат ќе сакам да чекорам. За мене тоа беше Штефан Едберг, кој ми е и прв на листата за која ме прашавте. Секогаш одеше на мрежа, играше елегантно, беше навистина кул. Втор е Борис Бекер, тие двајца често играа еден против друг и јас секогаш ги гледав нивните дуели“, изјави Федерер.
Третото место на ранг-листата на Швајцарецот му припадна на Американецот Пит Сампрас, зад кого следат двата вечни ривали на Федерер, Рафаел Надал на четвртата и Новак Ѓоковиќ на петтата позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

