Федерер го истури бесот врз Тим

Роџер Федерер во вториот обид стигна до својата прва победа на АТП шампионатот во Лондон, тримфирајќи со 2-0 во сетови против Доминик Тим. Швајцарскиот великан експресно ја остави зад себе разочарувачката партија од првото коло против Нишикори, вечерва се покажа во далеку подобро светло и заслужено стигна до максимална победа.

Тим го спаси сопствениот сервис во првиот гејм што траеше шест минути, но Федерер потоа ја презеде контролата, доминираше во стартниот сет и славеше со убедливи 6-2. Во ист ритам Швајцарецот продолжи и во вториот дел од мечот, рано правејќи брејк, за на крајот да слави со конечни 6-3.

Оваа победа го одржува Федерер во игра за место во полуфиналето, но тој пат нема да е нималку лесен ако се знае дека тој во последното коло ќе се сретне со Андерсон, додека Нишикори за ривал ќе го има Тим, кој веќе нанижа два порази на АТП шампионатот.

Се вчитува...