Роџер Федерер ќе мора да отсуствува подолго време откако го оперираше коленото што му создаваше проблеми во изминатиот период. Тенискиот великан самиот ја објави веста дека имал хируршка интервенција за да го реши проблемот.
„Десното колено веќе извесно време ми создаваше проблеми… Едвај чекам да се вратам на терените, ќе се видиме на турнирите на трева“, напиша Федерер.
Швајцарецот ќе го ги пропушти следните турнири во Дубаи, Индијан Велс, Богота, Мајами, како и Ролан Гарос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

