Роџер Федерер нема да игра на првото издание на АТП купот кој ќе се одржи во Австралија на почетокот на следната година бидејќи сакал повеќе време да помине со фамилијата.
„Навистина жалам што се повлекувам од првото издание на АТП купот. Кога решив да играм минатиот месец, тоа беше тешка одлука бидејќи значеше помалку време поминато со семејството. По разговорот со семејството и тимот за годината која следи, решив првите две седмици од новата година да ги поминам со најблиските. Ме боли тоа што нема да бидам дел од турнирот, но мислам дека правилно постапувам ако сакам се уште да бидам дел од АТП турнејата. Жал ми е поради неријатностите и разочарувањето кои моето повлекување може да предизвика кај навивачите, но им порачувам дека одвај чекам да почне Австралија опен“, изјави Федерер.
АТП купот е замислен како пандан на новиот Дејвис куп, а покрај големите парични награди ќе се освојуваат и бодови за АТП листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА