Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер потврди дека ќе игра на Ролан Гарос следната година.
„Ќе играм на Ролан Гарос. Веројатно нема да бидам дел од голем број турнири пред францускиот грен слем, бидејќи ќе настапам и на Летните Олимписки Игри. Покрај Ролан Гарос, сигурно ќе играм и во Хале, Вимблдон и во Токио, а веројатно ќе бидам дел и од Синсинати и УС Опен“, изјави Федерер.
Многумина пријавувањето на грен-слемот во Париз го сфатија како простување на Федерер од француската публика, но сепак тој ги демантираше шпекулациите дека тоа ќе биде негово последно учество.
„Кога сте здрави, како што сум јас во моментот сакате да играте“, накратко одговори популарниот Федекс.
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња годинава се врати на Ролан Гарос, првпат по 2015, а турнирот во француската престолнина го освои во 2009 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА