Роџер Федерер нема да настапи ниту на овогодинешното издание на Ролан Гарос, со што швајцарскиот тенисер ќе го пропушти целиот дел од сезоната што се игра на земјена подлога. Тој вечерва обелодени дека му е неопходно уште малку да го продолжи својот одмор „за да може што подолго да игра на АТП турнирите во годините што доаѓаат“.
„Сезоната е долга, а јасно е дека планирањето на кои турнири ќе играм, а кои ќе ги пропуштам ќе биде клучно за тоа уште колку ќе можам да играм активно тенис. Во оваа насока, јас и мојот тим решивме дека играњето на само еден турнир на земјена подлога во 2017 нема да ми биде во интерес, туку најдобро ќе биде да го искористам тоа време за уште подобро да се подготвам за остатокот од сезоната. Ќе ми неостигаат француските фанови, кои секогаш ми давале огромна поддршка и со нетрпение очекувам да ги видам наредната година“ – изјави Федерер.
Швајцарецот имаше извонреден настап на стартот од 2017, најпрвин освојувајќи го Австралија опен, а потоа и Мастерс-турнирите во Мајами и во Индијан велс. Тој потоа најави дека ќе пропушти голем дел од сезоната на земјена подлога, се очекуваше да се врати нза Ролан Гарос, но по најновиот развој на настаните камбекот на Федерер може да се очекува на еден од турнирите на трева, кои служат како увертира за Вимблдон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА