Роџер Федерер се наоѓа на само еден чекор до искачување на врвот на АТП-листата, откако швајцарскиот ас денеска славеше над Филип Колшрајбер од Германија со 2-0 во сетови, пласирајќи се во четвртфиналтео од турнирот во Ротердам.
Како што е добро познато, на Федерер му е доволен пласман во полуфиналето за да го прескокне Надал на понеделничкиот ранкинг. Тоа му послужи како дополнителна мотивација во дуелот со Колшрајбер, кој се покажа како тврд орев иако ги имаше загубено претходните 12 дуели со Федерер. Германецот беше на чекор до водство откако во тајбрејкот од првиот сет имаше предност од 6-4 и сервис, но Федерер се врати, го доби сетот, а потоа и мечот (вториот сет 7-5).
Доколку слави на утрешниот меч (против подобриот од дуелот Хасе – Грикспор), Федерер ќе стане највозрасниот тенисер што се искачил на првото место на АТП-листата (на возраст од 36 години). Последен пат швајцарскиот великан беше прворангиран светски тенисер на ранг-листата објавена на 4 ноември 2012 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА