Швајцарскиот ас Роџер Федерер продолжува со одлични игри на гранслем турнирот Вимблдон. Тој во три сета го збриша и Чехот Томаш Бердих, пласирајќи се во финалето на турнирот во Лондон, каде ќе го одмери силите со Хрватот Марин Чилиќ.
Федерер прикажа уште едно блескаво издание во полуфиналниот дуел и го совлада Бердих со 7-6, 7-6, 6-4. Тој прв го одзема сервисот на противникот, но потоа возврати и Бердих, па првиот сет отиде во тај-брејк. Но, таму Федерер беше речиси безгрешен и го доби на поени со 7-4.
Во вториот сет исто така се играше 13. гем, а Швајцарецот повторно го доби со ист рецепт, со 7-4 на поени. Во третиот сет беше подобар, го освои со 6-4 во гемови и закажа финален дуел со Чилиќ на Вимблдон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА