Федерер: Ѓоковиќ ќе биде прв фаворит за освојување на Австралија опен

Роџер Федерер моментално е во Берлин, каде што ќе ги следи настаните од Лејвер купот, егзибициски натпревар, чиј основач е тој.

Сопственикот на 20 гранд-слем титули, кој официјално ја заврши кариерата во 2022 година, зборуваше за моменталната ситуација во машкиот тенис, а особено за својот некогаш голем ривал Новак Ѓоковиќ.

„Мислам дека Новак сè уште не го кажал последниот збо“. Едвај го чекам Австралија опен следната година. Мислам дека тој сигурно ќе биде еден од фаворитите заедно со Синер и Алкараз“, изјави Федерер.

Оваа година беше прва од 2003 година кога Ѓоковиќ, Федерер или Надал не беа меѓу освојувачите на Гранд-слем титулата.

Се вчитува...