Ѕвездениот тандем Роџер Федерер – Новак Ѓоковиќ доживеа пораз во првиот заеднички настап. Двојката ги бранеше боите на Европа во пресметката со остатокот од светот и беше поразена од тандемот Џек Сок-Кевин Андерсон со 2-1 во сетови во егзибицискиот Лејвер куп. Со оваа победа тимот Свет ја намали предноста на екипата Европа на 3-1.
Претходно европскиот состав ги доби сингл мечевите, а победи забележаа Григор Димитров, Кајл Едмунд и Давид Гофан.
Најголемите имиња во составот сепак не успеаја да го одржат победничкиот ритам. Во историскиот прв заеднички настап, двојката која заедно има 34 гренслем титули играше пред 16.000 гледачи во Јунајтед Центар.
Следните предизвици за Федерер и за Ѓоковиќ се сингл мечевите. Швајцарецот ќе игра потив Ник Киријос, а Србинот против Кевин Андерсон.
#TeamWorld2018 is on the scoreboard heading into the weekend. @KAndersonATP & @JackSock beat #Federer & #Djokovic 6-7(5) 6-3 10-6. #LaverCup pic.twitter.com/q5OENCmyLf
— Laver Cup (@LaverCup) September 22, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА