Федерер и Ѓоковиќ сигурни на стартот на Австралија Опен

Швајцарскиот ас Роџер Федерер успешно ја почна одбраната на титулата на гранслем турнирот Австралија Опен. Тој на стартот со 3-0 во сетови го совлада Словенецот Аљаз Бедене. Првиот сет го доби со 6-3, вториот го комплетираше со 6-4, а во третиот исто така немаше проблеми и го освои со 6-3. Во следното коло Федерер ќе ги одмери силите со германскиот тенисер Јан – Ленард Штруф.

Новак Ѓоковиќ исто така со 3-0 во сетови беше подобар од американскиот тенисер Доналд Јанг. Тој одработи експресно и славеше со 6-1, 6-2, 6-4. Во следното коло се пласираа и Вавринка, Гаске, Гофан, Квереј, а елиминиран е Милош Раонич, кој загуби од Лукаш Лацко од Словачка со 6-7, 7-5, 6-4, 7-6.

Кај дамите, Симона Халеп немаше проблеми и ја совлада лесно Дестини Ајава со 7-6, 6-1, а Андреа Петковиќ во супердраматичен меч со 2-1 во сетови (6-3, 4-6, 10-8) ја елиминира Петра Квитова.

 

Се вчитува...