Федерер: Играв повреден неколку месеци

Третиот тенисер во светот, Роџер Федерер објави дека последниве неколку месеци се натпреварувал со повреда на раката, но тоа не сакал од тоа да „прави голем проблем“. Повредата ја добил уште во текот на сезоната на трева.

Во овој период, Федерер го освои турнирот во Штутгарт, во финалето во Хале беше поразен од Борна Чориќ, во четвртфиналето на Вимблдон загуби од Кевин Андерсон, а потоа во финалето во Синсинати од Новак Ѓоковиќ. На УС Опен беше поразен од Џон Милман, а во Шангај повторно од Чориќ.

„Ја повредив раката уште пред сезоната на трева, за време на тренинг. Последиците беа поголеми отколку што мислев. Чувствував болка неколку месеци. Ова не е изговор, не сакав од тоа да правам голема работа. Потребно беше време за опоравување на зглобот. Но, сега се е како што треба“ – објасни Федерер.

Швајцарецот утре го почнува настапот на турнирот во Базел, прв противник му е Србинот Филип Крајиновиќ.

Се вчитува...