Роџер Федерер по подолга пауза се врати на турнирите на земјена подлога, настапи во Мадрид и прикажа добра игра, но сепак не можеше да го елиминира одличниот Доминик Тим. Швајцарецот сега реши да биде дел и од турнирот во Рим како загревање за Ролан Гарос, гранслем турнирот на кој Федерер смета дека има тројца големи фаворити за пехарот.
„Ќе биде интересно на Ролан Гарос, според мене има тројца фаворити за пехарот, а јас не сум еден од нив. Тука секогаш е Надал, потоа и Ѓоковиќ како прв носител, но да не се заборави ниту Тим. Австриецот неколку години наназад игра беспрекорно на земјена подлога и мислам дека годинава може да стигне до самиот крај. Што се однесува до мене, ќе одам меч по меч, ќе се обидам да играм најдобро што знам и ќе видам до каде ќе дотуркам“ – изјави Федерер.
Швајцарскиот ас во кариерата има еден трофеј од Ролан Гарос, освоен пред точно десет години, кога во финалето го совлада Содерлинг со 3-0 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА