Роџер Федерер очигледно брзо го заборави поразот од Александар Зверев потсетувајќи на своите најдобрите тениски денови.
На егзибицискиот „Хопман куп“ кој се одржува во Перт, Австралија, Федерер го декласираше Ричард Гаске за помалку од еден час победувајќи со 6-1,6-4.
Ова е втора победа на Федерер во третиот меч од почетокот на сезоната и враќањето по повеќемесечна пауза поради повреда, а вкупно 16-ти триумф над Гаске од 18 меѓусебени дуели.
Федерер на тој начин им го донесе првиот поен на Швајцарците во третото коло од Групата А, пред дуелот во женска конкуренција во кој се среќаваат Белинда Бенчиќ и Кристина Младеновиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА