Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, кој неодамна во Дубаи ја освои 100. АТП титула во кариерата објави дека сигурно ќе игра и во олимписката 2020 година. Славниот Швајцарец догодина ќе има 38 години, а негова цел е да го престигне рекордот на Џими Конорс од 109 освоени АТП трофеи. Поради тоа тој најави дека во наредниот период ќе сака да учествува и на турнири во Азија, Јужна Америка и во Африка.
„Цел ми е да продолжам да играм. Не сум сигурен што ќе правам на почетокот на наредната година, каде ќе играм пред Австралија опен, но потоа знам дека ќе одам во Дубаи. Во иднина повеќе би сакал да играм во Азија, Јужна Америка и Африка, посебно во Јужноафриканската република“ – изјави Федерер.
Една од причините поради која Федекс сака да настапи на турнир во Јужноафриканската република е фактот што неговата мајка потекнува од таа држава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА