Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер најави дека ќе биде дел од Вимблдон 2020 година, но не е сигурен дали ќе игра потоа. Швајцарецот на терените на „Ол-ингланд“ клубот триумфираше осум пати, а годинава го загуби финалето против Ѓоковиќ неискористувајќи две меч топки.
„Одлучив дека сакам да играм на Вимблдон следната година. Сега треба да одлучам дали ќе учествувам на Олимписките игри во Токио. Зборував за тоа со мојот тим и со мојата сопруга Мирка. Одлуката ќе ја донесам следната седмица“, изјави Федерер.
Легендарниот Федекс досега во кариерата освои 20 грен слем трофеи, а последниот беше на Австралија опен во 2018. година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА