Со перфектен сервис во мечот против Тејлор Фриц, Роџер Федерер избори пласман во четвртото коло на тенискиот грен-слем Австралија Опен. За шестркатниот освојувач на трофејот во Мелбурн и бранител на титулата од минатата година, ова е 16. пласман во четвртата рунда на стартниот грен-слем во годината.
Федерер немаше никакви проблеми во пресметката со Фриц, го доби дуелот со 3-0 во сетови (6-2,7-5,6-2) и во следното коло ќе игра против Гркот Стефанос Циципас кој пак забележа победа во дуелот од третото коло над Николоз Башилашвили. Во четвртата рунда пласман обезбедија и Бердих и Димитров.
peRFection.
Federer is into his SIXTEENTH #AusOpen 4R, def. Fritz 6-2 7-5 6-2 in 1 hour 28 minutes.#GameSetMatch pic.twitter.com/WXYOLC68nE
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 18, 2019
Марија Шарапова полека, но сигурно му се враќа на врвниот тенис. Таа обезбеди учество во четвртото коло на Австралија опен елиминирајки ја третата светска тенисерка и треторангирана во Мелбурн, Каролине Возњаки.
Во борбата која траеше три сета, Руската тенисерка го доби воведниот сет со 6-4, Возњаки возврати идентично, беше подобра во вториот сет со 6-4, а во решавачкиот сет, Шарапова беше сигурна и го доби со 6-3.
The smile says it all.
What a match.#AusOpen pic.twitter.com/epQ69bZjIY
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 18, 2019
Третото коло, од носителките, го мина и Слоун Стивенс која во два сета, со два тај-брејка беше подобра од Хрватката Петра Мартиќ. Турнирот заврши на 11. ностиелка, Арјана Сабаленка која загуби од 17-годишната Американка, Аманда Анисимова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА