Роџер Федерер и неговата сопруга Мирка играат рекреативно тенис, но не повеќе од пет пати годишно, раскажува швајцарскиот ас. Неговата животна партнерка е поранешна тенисерка која во кариерата дојде до 76 позиција на ВТА листата.
„Играме вообичаено кога сум на одмор и кога ќе почуствувам дека сакам малку да играм тенис. Тогаш Мирка ми излегува во пресрет. Се разбира не играме на поени. Таа ми одговара затоа што го разбира тенисот и знае колку ми е доволно за да бидам оптимално подготвен пред турнирите“ – раскажува Федерер.
Поранешниот светски број еден сепак потенцира дека неговата сопруга има многу поголемо значење од еден поинаков аспект.
„Таа повеќе ми помагат на ментално ниво. Веднаш забележува кога сум под стрес, но не се воздржува од критики. Најмногу од се таа ми е поддршка на организациски план. На крајот, таа сепак во моментов е најмногу мајка“ – вели рекордерот по гранслем титули зборувајќи за сопругата.
Двојката Федерер е во брак од 2009 година. Имаат четири деца, девојчиња близначки родени истата година кога го почнаа и брачниот живот, а потоа во 2014 добија нов пар близначиња, вторите се момчиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА