Роџер Федерер оставри уште едно историско достигнување – 1000 недели во водечките 100 тенисери на АТП листата.
Тенисерот со најмногу гранслем титули е вториот играч во историјата после Андре Агаси што ја надминал оваа граница. Американецот е рекордер со 1.019 недели меѓу најдобрите 100 тенисери во светот.
Федерер прв пат во водечките 100 на АТП се појави на 10-годишна возраст, на 20 септември 1999 година. Оттогаш, од Топ 100, Швајцарецот отсутвувач само седум дена (28 септември – 3 октомври 1999).
Од почетокот на рангирањето на АТП, само четворица тенисери во историјата во Топ 100 биле рангирани повеќе од 900 недели. Покрај Агаси и Федерер во ова одбрано друштво се уште и Џими Конорс (963 недели) и Фабрис Санторо (943 недели).
На најновата АТП листа, Федерер е на третото место зад Ѓоковиќ и Надал. Тоа е негова 704 недела во Топ 3 во светот, што е исто така историско достигнување. Швајцарецот е рекоредер и по бројот на недели поминати на лидерската позиција на светската ранг-листа (310) и тенисер што најдолго се задржал на првото место на АТП листата во континуитет со 237 недели по ред како светски рекет број 1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА