Роџер Федерер е првиот финалист во Хале, со што швајцарскиот тенисер се наоѓа на само еден триумф до за него рекордната деветта титула од еден АТП-турнир. Швајцарецот не крие дека Хале отсекогаш му важел за еден од омилените турнири, користејќи го за загревање за Вимблдон, а серијата добри игри ја продолжи и денеска, совладувајќи го Качанов со 2-0 во сетови.
Рускиот 21-годишен тенисер немаше сили за изненадување против швајцарскиот ветеран, кој го доби првиот сет со 6-4, а потоа трпеливо си ја чекаше шансата во вториот, па ја искористи првата брејк топка при 4-4. Кога се очекуваше рутински печат на победата, Федерер му дозволи брејк на противникот, па Качанов експресно израмни на 5-5. Русинот потоа имаше и неизнудена грешка при сет-топка при водство од 6-5, по што Федерер се избори за тајбрејк.
А во тајбрејкот Федерер поведе со 2-0, Качанов имаше предност од 5-4, за на крајот рускиот тенисер да направи неколку неизнудени грешки, па Швајцарецот со 7-5 да слави за пласман во финалето, каде ќе се сретне со подобриот од дуелот Зверев – Гаске.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА