Роџер Федерер кој е еден од најдобрите темисери на сите времиња со рекордни 20 гран-слем титули во својата колекција, смета дека Рафаел Надал може да го надмине неговиот рекорд. Шпанецот деновиве го критикуваше Федерер дека едно зборува друго прави и се плаши да се соочи со него на земја. Од другата страна, Федерер возврати со пофалби.
„Кога е денешниот тенис во прашање, имам чувство дека сите сме подеднакво добри на сите подлоги, а ако фатите вистински ритам не е невозможно да „наштанцате“ неколку титули во низа. Исто така, рекордите и достигнувањата не се „безбедни“ како што тоа бил случај, на поример, во осумдесетите години“ – вели Роџер Федерер.
Швајцарецот во јануари годинава го освои својот јубилеен 20.трофеј на гран-слем турнирите во белиот спорт. Шпанецот е на второто место на вечната листа со четири титули помалку.
„Никогаш не сум размислувал за крајот, искрено, па така беше и пред стартот на годинашниот турнир Австралија Опен. Имав чувство дека сум многу блиску до тоа повторно да победувам и да освојувам титули, дека сум на дофат на првото местои дека и понатаму можам да ги победувам најдобрите“ – истакнува Федерер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА