„Федерер направи тенисот да изгледа како балет, Надал како бокс, а Ѓоковиќ…“

Поранешниот тренер на сестрите Вилијамс, Енди Родик и Марија Шарапова, Рик Мачи даде интересна споредба на големата тројка.

Според него, Роџер Федерер и Рафаел Надал се на спротивната страна на спектарот, додека Новак Ѓоковиќ е мешавина меѓу нив. За полесно да го претстави употреби споредба со балетот и боксот.

„Федерер направи тенисот да изгледа како балет, Надал како бокс, а Ѓоковиќ го прави да личи на бокс и балет“, напиша Мачи.

Се вчитува...