Федерер навивал за Алкараз против Ѓоковиќ

Младиот талентиран тенисер Карлос Алкараз ја прекина доминацијта на Новак Ѓоковиќ на Вимблдон славејќи во големото финале со 3-2 по неверојатен натпревар. Со тоа српскиот ас ја пропушти шансата да го зголеми рекордот на освоени грен-слем титули, но и да се изедначи со Роџер Федерер по бројот на освоени трофеи на турнирот на Велика Британија.

Швајцарскиот ас во текот на целиот натпревар навивал за младиот Шпанец, откриваат медиумте во Англија. На крајот и му се оствари желбата да остане „недопрен“ на врвот.

„Ќе ви кажам со сигурност кој навиваше за Алкараз. Роџер Федерер. Неговиот рекорд останува недопрен, барем засега“, открива новинарка на Би-Би-Си.

Се вчитува...