Роџер Федерер нема никакви дилеми дека 38 години не се причина за повлекување од тенисот. Тој вели оти нема намера наскоро да се пензионира.
„Во овој момент не гледам ниту една причина за пензионирање. Ќе застанам тогаш кога ќе ми каже телото. Во овие години се потешко е да се освојуваат трофеи. Во 2009 првпат се прашав кога би одел во пензија. По 10 години уште сум тука“ – вели Федерер.
Федерер има 20 грен слем титули, а последната ја освои во Мелбурн во 2018 година. Oд тогаш има седум АТП пехари. Вкупно има 103 трофеи што е шест помалку од рекордот на Џими Конорс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА