Роџер Федерер е подготвен за камбек на терените на претстојниот Мастерс-турнир во Синсинати, откако швајцарскиот ас реши да си земе одмор по драматичното финале со Новак Ѓоковиќ на Вимблдон. Најтрофејниот светски тенисер остана без пехарот иако имаше две меч-топки на сопствен сервис, губејќи го финалето во тајбрејк со 12-13, пораз што дефинитивно е еден од најболните во кариерата на Федерер.
„Не ми беше лесно, во првите неколку дена треба да ви стане јасно што се случи, бидејќи победата беше толку блиску. Имав кошмари, ми се појавуваа „флешбекови“ од финалето, што требаше да се направи подобро… А тогаш ќе почнете со тренинзи, ќе работите напорно и ќе заборавите. Тоа е единствениот начин тие сцени да престанат да ве следат во мислите. Тоа е реалноста, победите не ги паметите толку „живописно“ колку поразите, но јас едвај чекам пак да играм против Новак. Максимално сум подготвен за мојот камбек на терените, да покажам што и колку можам“ – истакна Федерер.
Тој ќе стартува од второто коло на турнирот во Синсинати, каде ќе се сретне со подобриот од дуелот Беретини – Лондеро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА