Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер призна дека претходните две сезони не му недостигале земјените терени, но дека му е мило што годинава се врати на нив со настапот на турнирот во Мадрид.
„Не ми недостигаа земјените терени. Пред три години имав проблем со повреди и решив да ја пропуштам сезоната на земја. Сепак, сезонава ќе зажалев доколку не го пријавив турнирот во Мадрид. Среќен сум бидејќи се вратив. Прекрасни беа овациите од публиката пред почетокот на мечот. Дефинитивно Мадрид беше вистински избор“, изјави Федерер.
Третиот тенисер на светот без поголеми проблеми се пласираше во третото коло на Мастерсот во Мадрид, совладувајќи го Французинот Ришар Гаске со 6-2 и 6-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА