Роџер Федерер го освои првото место во групата „Лејтон Хјуит“ од АТП-шампионатот во Лондон откако Швајцарецот вечева со 2-0 во сетови го совлада Кевин Андерсон, нанесувајќи му го првиот пораз на ривалот од Јужна Африка.
Федерер математички немаше обезбедено ниту полуфинале и му беше неопходно да не загуби преубедливо на овој дуел. Не само што тоа не е случи, туку швајцарскиот ас доминираше во дуелот со одличниот сервер, одмаздувајќи му се за поразот претрпен на Вимблдон годинава. По почетните сигурни сервиси до 3-3 следеа три брејка во низа, два во корист на Федерер, кој заслужено го доби првиот сет со 6-4.
Потоа тој ја искористи и првата шанса за брејк што му се укажа во вториот сет, потоа контролирајќи го мечот се до конечните 6-4, 6-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА