Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ја продолжува одбраната на титулата на гранслем турнирот во Лондон. Тој е првиот четвртфиналист на годинашното издание на Вимблдон, откако лесно излезе на крај со Французинот Адриан Маранино. Федерер славеше со 3-0 во сетови и во следната рунда ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Гаел Монфилс и Кевин Андерсон.
Швајцарецот првиот сет го доби експресно, за само 17 минути, и тоа со 6-0 во гемови. Потоа малку го намали темпото, но играше сосема доволно за да ги освои и наредните два сета. Во вториот славеше со 7-5 во гемови, а третиот го комплетираше со 6-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА