Роџер Федерер пред дванаесет месеци беше отпишан од битката за тронот, но Швајцарецот со низа фантастични настапи дојде на чекор до врвот од АТП-листата, завршувајќи ја 2017 како второрангиран светски тенисер. Одморот од два месеци беше добредојден за Федерер да ги наполни батериите, но големиот ас сепак не е преголем оптимист кога станува збор за повторување на одличните резултати и во новата 2018 година.
„Лани приказната беше поинаква, добро се подготвив и никој не знаеше што да се очекува. Сега ситуацијата е поинаква, исто така добро се подготвив, но сега очекувањата на сите се многу поголеми. Искрено кажано, нереално е да играм така добро како во 2017 година. Сепак, не си создавам притисок, ќе одам меч по меч, турнир по турнир и ќе видиме како ќе се одвиваат работите“ – изјави Федерер.
Швајцарецот во 2017 година освои седум турнири, меѓу нив два гранслем турнири, на 57 меча претрпе само пет порази, а првиот огромен предизвик ќе биде Австралија опен во јануари, кога Федерер ќе ја брани титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА