Тој е најдобриот на сите времиња. Денеска стигна до рекордната 19.титула на гранслем турнирите, осма на Вимблдон. Ги надмина Пит Сампрас и Вилијам Реншоу, кои имаат по седум трофеи во Лондон.
По пауза од пет години, швајцарскиот тенисер Роџер Федерер повторно го има во свои раце трофејот од Вимблдон. Во финалето го прегази Хрватот Марин Чилиќ со 3-0 во сетови.
„Никогаш не престанав да верувам дека можам повторно да дојдам овде во Лондон и да бидам најдобар. Имаше и тешки моменти, но успеав да смогнам сили, да го пронајдам вистинскиот начин за да се подготвам максимално и да успеам повторно да го кренам овој трофеј. Чувството е неописливо, се радувам исто како и првиот пат, затоа што ова е посебен турнир, и мене ми е навистина многу драг. Се надевам дека и следната сезона, ако ме служи здравјето, ќе дојдам повторно овде и ќе се обидам да го одбранам пехарот со истата желба и истиот спортски жар“, изјави Роџер Федерер по осмиот трофеј на Вимблдон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА