Роџер Федерер стигна до уште еден фантастичен успех, заокружувајќи ја 20. гранслем титула во кариерата по денешниот голем триумф во финалето на Австралија опен против Марин Чилиќ. За Швајцарецот ова беше шеста титула во Мелбурн, по оние во 2004, 2006, 2007, 2010 и 2017 година, а Федерер на официјалното доделување на пехарите не можеше да ги скрие солзите радосници.
„Неверојатно, толку сум среќен… Ги исполнив своите соништа. По извонредната ланска година, оваа новата не можеше да започне подобро. Ви благодарам на вас фановите, поради вас се уште играм, поради вас се уште напорно тренирам. Честитки и за Марин Чилиќ, кој одигра извонредно цел турнир“ – изјави низ солзи Федерер.
Швајцарецот со овој триумф ја намали негативата во однос на прворангираниот Рафаел Надал на само 155 АТП-бодови, па би можел да го мине Шпанецот доколку тој не се рехабилитира навреме за настап на турнирот во Акапулко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА