Федерер: Новак е неверојатен, ова е убаво време за тенисот

Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос ја освои рекордната 23. грен-слем титула со што го запиша своето место во историјата како прв тенисер кому му поминало тоа од рака. Со тоа Србинот ги остави зад себе Рафаел Надал кој има 22 титули и Роџер Федерер кој остана на бројот 20.

А, додека Шпанецот експресно му го честиташе успехот на српскиот ас, на Швајцарецот му беа потребни четири дена. Федерер сепак го пофали помладиот колега и му посака се најдобро во предизвиците кои следат.

„Тоа што го направи Новак е неверојатно. Искрено тоа е многу битно за тенисот, убаво е кога тенисот испишува историја и продолжува да додава на неа со моите успеси, успесите на Серена, Рафа и сега Новак. Убаво време е да бидете фан или тенисер.

Помнам кога започнав дека Сампрас ја освои својата 14 титула и тогаш мислевме „Океј, овој број ќе остане засекогаш“. Тогаш јас ја освоив 15 титула. Стигнав до 17 трофеј и тогаш започнавме да се бориме кој прв ќе дојде до 20. Не знам кој беше прв, но тогаш отстапи Рафа со 22. Сега Новак е на 23 и изгледа дека ќе го надмине и овој број што е супер. Му посакувам се најдобро“, вели Федерер.

Се вчитува...