Федерер објави: Се враќам во Штутгарт

Роџер Федерер ќе заврши со одморот на почетокот од наредниот месец, па на 9 јуни ќе го има својот камбек на тениските терени. Швајцарецот втора година по ред реши целосно да го прескокне календарот со турнири на земјена подлога, па својот камбек ќе го има на турнирот во Штутгарт.

Сакам да се подготвам за Вимблдон, па затоа го избрав Штутгарт за турнир за свое враќање“ – соопшти Федерер, кој дефинитивно ќе го пропушти и Ролан Гарос.

Швајцарскиот тенисер и лани настапи на овој турнир, но беше елиминиран уште во првото коло од Томи Хас. Тој претходно беше дел од турнирот во Штутгарт и во 2016 година, кога стигна до полуфиналето, но загуби од Тием.

Досега покрај Федерер своето учество во Штутгарт го потврдија и Раониќ, Киргиос, Ферер, Фелицијано Лопез, Хјеон Чунг…

Се вчитува...