Роџер Федерер откри дека добил понуда да настапи на егзибициониот натпревар во Саудиска Арабија, но уште претходно ја одбил.
На мечот на 22 декември во Џеда треба да настапат Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, но и нивниот настап станува неизвесен поради политичката ситуација во земјата по убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудиската амбасада во Истанбул. Саудиска Арабија по убиството е на удар на критики на светската јавност, а критики беа упатени и за Ѓоковиќ и за Надал затоа што прифатиле да играат ревијален натпревар во таа земја.
Досега не беше познато кого се повикале организаторите за настап, но швајцарскиот тенисер на прес-конференцијата во Париз откри дека тој бил еден од поканетите, но дека морал да ја одбие поканата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА